Четворица повредени откако „Рено“ излетало од пат во кумановско

Сподели со своите пријатели

Четири лица, меѓу кои и две малолетни, се здобиле со повреди откако автомобил „рено“ вчера излетал од патот кај кумановско Ново село.

Loading...

– На 16.01.2024 во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Општина Арачиново, кај селото Ново Село, кумановско, патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.С.(25) од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Ф.А.(48) и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски