Четири пожари вчера во кумановско

Сподели со своите пријатели

Четири интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, штала изгоре во атарот на селото Проевце, каде во период од 17:45 до 19:45 часот интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

Сува трева пак горела на две лоации, на улицата „Доне Божинов“ и во атарот на селото Зубовце. Првиот пожар го гаснеле двајца, а вториот тројца пожарникари кои спречиле негово ширење.

Интервенција вработените во ТППЕ Куманово бележат и на еден запален конејнер за смет.

Leave a Reply