Четири пожари вчера во Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Три пожари вчера изгаснале кумановските пожарникари, додека еден пожарникарите во општината Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:15 до 10:35 часот, тројца пожарникари од ТППЕ Куманово интервенирале на запалена сува трева во атарот на селото Табановце.

Сува трева подоцна во текот на денот горела и во селото Лопате. Таму тројца пожарникари интервенирале во период од 13:10 до 14:20 часот.

Третата интервенција била на запалено стрниште на Никуљски пат, каде во период од 20:23 до 20:45 часот интервенирале тројца пожарникари.

И пожарникарите во Општина Старо нагоричане интервенирале на запалена сува трева. Во период од 13:00 до 14:00 часот вчера двајца пожарникари интервенирале во атарот на селото Алгуња.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Драгоманце расфрлани летоци, во Крива Паланка делени бонови за гориво

Никола Ивановски