Четири лица од Никуштак ќе одговараат за насилство

Сподели со своите пријатели

Четири лица од липковското село Никуштак заработија кривични пријави под сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.С.(35), С.С.(37), Е.И.(49) и Б.С. (33) сите од с.Никуштак – Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 15.04.2020 во с.Никуштак додека пријавените извршувале земјоделски работи, со патничко возило наишол Е.А. од с.Никуштак заедно со неговиот малолетен син, кој излегол од возилото по што пријавените почнале вербална расправија со него, а потоа и физички го нападнале нанесувајќи му телесна повреда. Е.А. бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Никола Ивановски

Leave a Reply