Четири интервенции на кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Четири интервенции изминатото деноноќие бележат кумановските пожарникари, од кои три на пожар на отворен простор, а еден на заглавен лифт.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на месноста Говедарски пат, тројца пожарникари интервенирале на запалена сува трева во период од 09:45 до 10:10 часот.

Стрниште било запалено во атарот на селото Доброшане, каде тројца пожарникари со едно противпожарно возило го гаснеле огнот во период од 15:35 до 16:15 часот.

Во атарот на селото Романовце, вчера горела запалена сува трева, каде исто така интервенирале тројца пожарникари. Интервенцијата траела од 18:25 до 20:10 часот.

Тројца пожарникари вчера имале и техничка интервенција на заглавен лифт, во период од 18:30 до 19:35 часот.

НИкола Ивановски

Leave a Reply