Честитка од претседателот на Собранието по повод Денот на наставата на турски јазик

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Собранието Талат Џафери испрати честитка до припадниците на турската заедница во земјава по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

Loading...

– Дозволете ми од мое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. Во земја во која живеат припадници на повеќе различни етнички заедници, суштинско е овозможувањето на творење, функционирање и употребување на мајчиниот јазик. Можноста за стекнување на образованието на мајчин јазик е право и обврска на секоја демократска држава која ги ратификувала и доследно ги почитува универзалните декларации за човековите права. Преку негувањето на јазикот, културата, вредностите и традициите, нашето општество станува побогато, посилно и секако карактеристично по сите особености што ја прават уникатна Република Северна Македонија, се вели во честитката од Џафери.

Сакам да изразам благодарност до турската заедница во нашата земја, се додава во честитката, за големиот општествен и економски придонес кој го даваат секојдневно на секое поле од општественото живеење, со тоа само ја потврдуваат својата почит и вредност за сите нас.

– Уште еднаш, дозволете да Ви упатам искрени честитки и да Ви посакам светлината на образованието секогаш да ви го осветлува патот и мислата, се потенцира во честитката од Џафери по повод Денот на наставата на турски јазик.

Валентин Јанковски

Leave a Reply