Честер е роден со 500 грама и се бори за живот, а вака му помага постариот брат (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Прерано родено момче од самото раѓање се бори за живот, но неговиот брат близнак прави чудо за него, поради што се опоравува.

Loading...

Честер Грејвс и неговиот брат Отис се родени во 28-та недела од бременоста, на 15 јули годинава.

Честер тежел неполни половина килограм, додека Отис бил три пати поголем и тежел 1559 грама.

По шест недели Отис бил пуштен на домашна нега, но малиот Честер од самото раѓање се бори за живот и достигнал 1580 грама.

Родителите, Кели Грејвс (32) и Вурф Вили (35) од Венфлит, велат дека не се сомневаат дека во чудесната борба на Честер голема улога има врската што ја дели со неговиот идентичен близнак Отис, пишува Мирор.

Нивната прва средба се случила на 22 септември. Отис спиел, а Честер не можел да го тргне погледот од братот кој го ставиле да легне покрај него. Емотивната глетка ја забележале со камера, а се одвоиле во неонаталната единица на болницата Соутенд, каде Честер веројатно ќе помине уште два месеци.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Graves (@miracletwins_plus3)

Loading...

 

Момчето се уште е во инкубаторот за кислород

Момчето сѐ уште е во инкубатор и сѐ уште е под кислород, а неговите родители се надеваат дека конечно ќе си оди дома во декември.

Мајката кажа што точно се случило.

Компликациите започнале во 16та недела на бременоста, кога Кели дознала дека Честер е помал од неговиот брат. Разликата во големината на близнаците била последица на состојба која се нарекува селективно интраутерино ограничување на растот, поради што Честер не добивал потребни хранливи материи од плацентата, со што забавил неговиот раст. Затоа во 19та недела од бременоста била примена во болницата Кингс Колеџ во Лондон.

„Бев подложена на ендокортикална ларингеална операција, која беше изведена за да се одвојат бебињата во утробата. Ова беше направено така што, во случај честер да не преживее, да биде заштитен од смрт или трајно оштетување на мозокот “, рече таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Graves (@miracletwins_plus3)

Loading...

 

По орерацијата, Честер добивал 25 грама неделно, а Отис 100.

Во 28-та недела од бременоста била на царски рез

„Отис е роден прв и ставен во инкубатор. Потоа пристигна и Честер.

Трите постари деца сѐ уште не го запознале

Родителите имаат три постари деца кои сѐ уште не успеале да го запознаат Честер поради ограничувањата поврзани со коронавирусот, но едвај чекаат тој да се врати дома.

„Отис е со нас, но чувството е горко-слатко бидејќи не можеме да уживаме додека двете бебиња не се со нас“, заклучува мајката.

Се надеваме дека Честер повторно ќе го спои семејството, чии зборови уште еднаш кажаа дека чудата се можни и дека љубовта победува се!

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Graves (@miracletwins_plus3)