Чад над мостот на Крим: Блокиран сообраќај, прогласена тревога (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руските власти прогласија тревога за воздушен напад во пристанишниот град Севастопол на полуостровот Крим во очекување на дополнителни напади од Украина.

Loading...

Сирените се огласија во градот рано во средата. Сообраќајот на мостот Крим, кој го поврзува полуостровот со Русија, беше во прекин, како и поморскиот сообраќај.

Во меѓувреме, се појави снимка од чад што се издига над Кримскиот мост.

Локалните канали известуваа за работата на руските сили за воздушна одбрана.

Предупредувањето за воздушен напад доаѓа во време на серија украински напади во последните недели во и околу Крим, кој беше заземен и припоен од Москва во 2014 година.

Киевските сили ја нападнаа руската воздухопловна база на полуостровот и командното место на Црноморската флота во Севастопол.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.