Центарот за нарко зависници дислоциран во кругот на болницата (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Центарот за наркозависници кој до пред два дена фунцкионираше спроти ООУ „Кочо Рацин“ во населбата Гоце Делчев, од вчера започна да работи во кругот на кумановската болница, поточно во поранешната Амбуланта за дијабетес.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”311″]

 

Одлуката за преместување на Центарот доаѓа по наредба од страна на Министерството за здравство, а преместен е и целокупниот медицински персонал.

Пациентите и вработените ќе имаат голем бенефит од оваа преселба, бидејќи ова е составен дел на Одделот за психијатрија, а сега и просторно ги сместивме до нив и пациентите ќе имаат бенефит што поголем број психијатри ќе се грижат за нив, а имаме и психолози и социјални работници – вели директорот на Општа болница Куманово, Ариф Љатифи.

 

Дислокацијата е резултат на повеќегодишните напори кои родителите, наставниците и медиумите ги правеа да се актуелизира овој проблем и Центарот за зависности да биде дислоциран поради близината до основното училиште и градинката кои се наоѓаат во непосредна близина.

 

[huge_it_gallery id=”310″]

 

Loading...

Директорката на ООУ „Кочо Рацин“, Лидија Пешевска вели дека неколку години наназад заедно со градинката, советот на родителите и месното население се обраќале до надлежните органи и конечно нивниот глас е сослушан.

Корисниците на дневниот центар не се однесуваа лошо, не правеа некакви проблеми во однос на нашите дечиња или вработените, ама секојдневната глетка, особено за помалите ученици кога доаѓаат на училиште и ја гледаат пред себе беа преплашени – вели Пешевска, поздравувајќи ја дислокацијата.

Таа додава дека секојдневно околу училиштето и Центарот се наидувало на шрицеви и игли кои биле опасност за дечињата што е лоша слика за децата.

Преселени се на право место, каде можат да бидат згрижени од другите одделенија и центри, така да, ова е добар потег кој е направен од страна на надлежните институции – вели Пешевска.

Инаку со новото преместување Центарот за зависници од наркотици се наоѓа до самиот Оддел за психијатрија, а метадонска терапија активно користат околу 120 лица.