Цените на нафтата паднаа за 10 отсто од почетокот на годината

Сподели со своите пријатели

На светските берзи цените на нафтата паднаа и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи забавува растот на најголемите светски економии, што ќе ја ослаби побарувачката за „црното злато“.

Loading...

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се лизна за 1,6 отсто – на 74,79 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за два отсто – на 70,17 долари.

На самиот почеток на минатата недела цените значително пораснаа бидејќи Саудиска Арабија најави дека во јули ќе го намали производството за еден милион барели дневно.

Но, тие придобивки постепено се стопија, бидејќи серијата неодамнешни податоци покажуваат дека растот во најголемите светски економии забавува, што ќе ја ослаби побарувачката.

Кинеската економија закрепнува побавно од очекуваното

Меѓу другото, беше објавено дека кинескиот извоз и увоз значително се намалија во мај на годишна основа, па се појасно е дека втората по големина светска економија закрепнува побавно од очекуваното по укинувањето на рестриктивните мерки за Ковид.

Трговците беа загрижени и од силниот раст на резервите на гориво во САД, бидејќи тоа укажува на забавување на економијата и послаба побарувачка.

Во однос на почетокот на годината, цените на нафтата моментално се во значителен минус – повеќе од 10 отсто, пренесува Хина.