Пронајдена една од двете црни кутии на урнатиот кинески авион
Една од двете црни кутии на кинескиот авион, кој се урна во понеделникот, е пронајдена во многу оштетена состојба, соопштија денеска кинеските власти. Снимачот бил толку оштетен што не можело да се прецизира дали се работи за рекордер на податоци за летот или за диктафон во пилотската кабина, пренесува АП.Прочитај повеќе










