Велика Британија донираше 20 амбулантни возила на Украина

Сподели со своите пријатели

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изјави дека Велика Британија и донира амбулантни возила на Националната здравствена служба на Украина.

Loading...

„Донацијата од 20 амбулантни возила од Националната здравствена служба (NHS) ќе им помогне на Украинците кои останаа во градовите под руски напад и бомбардирање да добијат витална помош за спасување животи. Оваа донација ќе придонесе за компензација на амбулантите кои беа уништени за време на руските напади и ќе ја зајакне постојната флота на возила додека трае варварската војна“, се вели во соопштението на британското Министерство за здравство, пренесува Гардијан.

 

Тешките борби продолжуваат, а хуманитарната ситуација во Мариупол се влошува

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во судирот меѓу паравојската и сточарите во Судан загинаа 27 лица

„Обединетото Кралство е еден од најголемите донатори на помош и обезбедува храна, лекови и генератори за помош на сиромашните. Овие амбулантни возила на NHS ќе помогнат да се спасат животите на повредените во конфликтот“, рече Трас.

Како што најави министерот за здравство Саџид Џавид, ова е прва од многуте испораки на амбулантни возила што британската влада ќе и ги донира на Украина во наредните денови.

 

Loading...