Грција протера 12 руски дипломати

Сподели со своите пријатели

Како реакција на војната во Украина, Грција ќе прогласи 12 руски дипломати за „персона нон грата“ и ќе побара од нив да ја напуштат Грција, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Атина.

Loading...

Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи го информирал рускиот амбасадор за ваквата одлука и посочил дека руските дипломати не постапиле во согласност со меѓународните норми, изјави претставник на грчкото МНР, пренесува Ројтерс.

 

Шарл Мишел: ЕУ треба да размисли да им даде азил на руските дезертери

 

Италија вчера донесе одлука да протера 30 руски дипломати, потврди италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Маџо за ТВ каналот RAI-News-24.

Слични мерки презедоа и владите на Франција, Шведска и Данска, додека Естонија нареди затворање на два руски конзулати и нареди персоналот да ја напушти земјата до 30 април, пренесува Танјуг.

 

Loading...

Песков: Повлекувањето на Русија од регионот Киев е гест на добра волја

 

Претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Москва соодветно ќе одговори на протерувањето на руските дипломати од европските земји.