Бура ја погоди јужна Англија: Стотици училишта затворени

Сподели со своите пријатели

Бурата Киеран ги погоди Британските острови придружена со силен дожд, а јужна Англија ја зафатија ветрови со брзина од 160 километри на час, кои претходно во текот на ноќта ги погодија Франција и Ла Манш.

Loading...

Издадени се жолти, портокалови и црвени временски предупредувања, што укажува на потенцијален ризик по животот и имотот.

Стотици училишта ширум јужна Англија беа затворени поради невремето и силниот дожд, а железничките услуги беа прекинати, додека на возачите на југот и западот на Велика Британија им беше препорачано да ги избегнуваат крајбрежните патишта, јави Би-Би-Си.

Жолта метеоролошка тревога е во сила за делови од Англија, Шкотска и Велс.

Во бурата Бабет пред две недели, која ја погоди Велика Британија, загинаа најмалку седум лица, а илјадници куќи беа погодени од поплави.

Француските медиуми јавија дека невремето го погодило западниот брег на Франција со брзина до 178 километри на час во западна Бретања.