Букурешт: Продолжува носењето маски на отворено и полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Градскиот комитет на Букурешт за вонредни ситуации (CMBSU) ја задржа обврската за носење заштитна маска на сите внатрешни и надворешни јавни простори, како и на работното место и во јавниот превоз.

Loading...

Одлуката, која вчера беше усвоена на седницата на ЦМБСУ, ќе се применува од денеска за период од 30 дена, јавува романската агенција Аџерпрес.

Организирање активности во кино сали, установи или концерти во затворени или на отворено, дозволено е со најмногу 30 отсто од максималниот капацитет на просторот и носење заштитна маска.

Дозволено е да учествуваат само лица кои биле вакцинирани против Ковид или излечени од вирусот.

На луѓето им е забрането да излегуваат од дома во периодот од 22 до 5 часот наутро, со одредени исклучоци.

Овие мерки не се однесуваат на лица кои биле вакцинирани против вирусот Ковид или кои ја имале болеста.