Бугарскиот Академик Пловдив на колена во Куманово (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 86:71 кошаркарите на Куманово вечерва остварија убедлива победа над составот на Академик Пловдив од Бугарија во рамките на регионалната БИБЛ лига.

Loading...

 

 

По само десет минути игра на паркетот избраниците на гренерот Владимир Мирковски имаа двоцифрена предност со резултат 27:20 благодарение на добриот напаѓачки поход.

 

 

Loading...

Со агресивна одбрана и уште поагресивен напад бугарските кошаркари немаа некои шанси ни во втората четвртина од средбата, па на полувреме Куманово замина со предност од 53:31.

 

 

Нападот ослабна на кумановци кон почетокот на второто полувреме, но не и одбраната која им го чуваше веќе високиот скор на семафорот. Единствено што успеа да намали гостинскиот тим беше на 17 поени негатива на во 37та минута.

 

 

Loading...

Дуото Марковски – Црниќ, со две тројки го решија победникот на мечот кратко потоа.

 

 

Брилијантна игра со 27 поени и осум скока имаше Горјан Марковски, додека американскиот интернационалец Кори Рејли Рос мечот го заврши со 19 поени и осум асистенции. Двоцифрена статистика има и Александар Андрејевиќ кој реализираше 15 поени и пет скока.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...

 

Leave a Reply