Бугарија не дозволи прелет, Лавров пристигна преку Грција во Скопје

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во главниот град на Македонија со цел да присуствува на министерскиот состанок на ОБСЕ, јавуваат руските медиуми.

Loading...

Авионот со кој Лавров пристигна во Скопје прелета околу 4.000 километри, што значи Турција и Грција, иако првично беше планирано да лета за Скопје преку Бугарија, а летот затоа траеше повеќе од 5 часа, пренесува Тасс.

Руската новинска агенција наведува дека бугарската страна одбила да го отвори својот воздушен простор за авионот на Лавров доколку во авионот е портпаролката на МНР Марија Захарова.

„Доделена е дозвола на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и на делегацијата што го придружува да учествуваат на средбата во Скопје. Оваа дозвола не се однесува на директорката на Одделот за информации и печат на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која е на списокот со санкции на ЕУ“, стои во соопштението на бугарското МНР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори за работите во Македонија да не бидат како досега

Експертите, пак, сметаат дека овој потег не е поврзан со санкции, бидејќи Лавров е и на црната листа на ЕУ.

„Веројатно официјална Софија се плаши од Захарова дури и кога таа само лета над Бугарија“, изјави за дописникот на ТАШ неименуван дипломатски извор.

 

Loading...