Брод со 200 тони помош стигна до Газа

Сподели со своите пријатели

Брод со речиси 200 тони храна од Кипар до Газа пристигна денеска на брегот на палестинската енклава, јавува Ројтерс, повикувајќи се на изјави на очевидци.

Loading...

Брод во сопственост на шпанската невладина организација „Отворени раце“ исплови од пристаништето Ларнака, како дел од тестирањето на новиот поморски коридор за директна испорака на помош во Појасот Газа, со шлеп со основни материјали, а не е познато каде се планира да се закотви кога ќе пристигне.

Мисијата, која најмногу ја финансираат Обединетите Арапски Емирати, ја организира американската невладина организација „World Central Kitchen“, додека шпанската невладина организација „Open Arms“ го обезбедува бродот, пренесува Reuters.

Втората пратка со помош ќе биде испратена од Кипар во Газа во наредните денови, рече во средата кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос, додавајќи дека Кипар може да игра сè поголема улога во доставувањето помош за Газа по морски пат.

Хуманитарните организации имаат намера да достават помош директно до Газа, која е под блокада од почетокот на израелската офанзива како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.