Британското Министерство за одбрана објави дека руските сили направиле потези што резултирале со „убиства на цивили за кои сега тврди дека се нејзини граѓани“.
Да потсетиме, Путин вчера потпиша договори за анексија на четири окупирани региони во Украина, со што беше означено најголемото насилно преземање на територии во Европа од Втората светска војна.
Министерството за одбрана соопшти дека Русија троши „стратешки вредни воени средства“ во обидите да добие тактичка предност.
Оттаму додаваат дека Русија речиси сигурно вчера извршила напад врз конвој надвор од градот Запорожје, каде локалните медиуми објавија дека загинале 25 цивили, а повеќе од 50 се повредени.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.