БОРБА ДО СМРТ: Маж нападнат од питон долг 8 метри (видео)

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен чувар Роберт Набабан од Индонезија замалку ќе ја изгубел раката кога го нападнал питон долг 7,8 метри.

Како наведуваат тамошните медиуми, џиновскиот питон му го блокирал патот на Суматра, поради што Набабн морал да реагира.

– Се обидев да го фатам, ме касна за раката, а потоа се боревме уште некое време, изјавил стражарот.

Уловиле питон од осум метри и 250 килограми (видео)

Loading...

Набабан и двајцата негови колеги се обиделе да го тргнат животното од патот. Додека се обидувале патот повторно да го направат прооден, питонот го каснал мажот, а потоа се обидел да се обвитка околу него.

Во помош пристигнале селаните кои успеале да ја убијан змијата и на Набабан да му го спасат животот.

Фатиле огромна змија, но она што го откриле во утробата ги шокирало сите (видео)

Во прашање е една од најдолгите видови во светот. Една таква е пронајдена минатата година на Малезија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.