Боледува од елефантијаза – го нарекуваат „човек слон“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Мухамед Салим (53) од Пакистан боледува од тешка болест поради која е принуден да проси за да преживее.

Салим во 1990 година оболел од елефантијаза, болест која се карактеризира со здебелување на кожата и поткожното ткиво, а која му ги зафатила нозете.

Моќна порака од приказната за Нина која боледува од Даунов синдорм (видео)

Loading...

Неговит енозе се тешки како карпа, секоја има по 15 килограми, што му го оневозможува нормалнодо движење. Мухамед не може да стои на нозе повеќе од минута, па сопругата му помага кога треба да се спушти или качи по скалите од еднособниот стан каде живее со своите четири деца.

– Нозете ми се толку тешки што со тешка мака ги померам, вели несреќниот човек и додава дека мора да одмора по само пет минути одење.

Ова девојче има болест која е толку ретка што се уште нема име (фото)

Мухамед истакнува дека веќе со години не може да си обуе чевли затоа што нозете му се подуени, а прстите долги околу 10 сантиметри.

Го наркуваат човекот слон, но тој истакнува дека од своето раѓање ја има оваа болест.

– Го имала и мојата мајка, само што нејзе нозете никогаш не и боле толку големи. Кога бев мал, моит енозе беа поголеми, но нормално одев и трчав. Дури по пубертетот започаа драстично да отекуваат, а со години работата станува се полоша и полоша. Одев кај многу лекари, но лек за оваа болест не постои, вели несреќниот човек.