Бобан Николовски е поставен за нов директор на јавното претпријатие „Куманово план“, дознава од свои извори ТВ Плус.
Loading...
Николовски, кој е дипломиран економист, досега беше вработен во Царинска управа на Македонија. Низа години е активен член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово. Одреден период беше претседател на партијата, како и советник.
Николовски доаѓа на местото на Иван Николовски, кој неодамна беше поставен на функцијата.
Ова е второ претпријатие кое ќе го менаџира активист на ОК ВМРО-ДПМНЕ. Со ЈП „Куманово гас“ веќе неколку месеци раководи Марко Митровски.