Блинкен: Помошта за Нигер зависи од зачувувањето на демократијата

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го условува продолжувањето на помошта за Нигер со „зачувување на демократијата“ во таа африканска земја, објави Стејт департментот.

Loading...

„Силно економско и безбедносно партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Нигер зависи од зачувувањето на демократијата и почитувањето на владеењето на правото и човековите права“, рече Блинкен во телефонскиот разговор со претседателот на Нигер Мохамед Базум, кој беше приведен од членовите на претседателската гарда.

Вашингтон „го осудува обидот за насилно преземање на власта и уривање на уставниот поредок“, додаде американскиот секретар, се додава во соопштението.

Повикот беше упатен во средата вечерта, пред армијата да објави на националната телевизија на Нигер дека ги укинува „сите институции“ и прогласи „крај“ на сегашниот режим, дека границите се затворени и дека е прогласен полициски час низ целата земја.

Мохамед Базум, кој беше демократски избран во април 2021 година, од средата наутро е задржан од членовите на претседателската гарда, по неуспешни преговори.

Нигер, чија историја е обележана со државни удари, е еден од последните сојузници на западните земји во регионот Сахел уништен од џихадистичкото насилство и чии две соседни земји, Мали и Буркина Фасо, каде војската е на власт по пучот, се свртеа на други партнери.вклучувајќи ја и Русија.

Ентони Блинкен, исто така, ја нагласи „цврстата поддршка“ на Вашингтон за „претседателот Мохамед Базум и демократијата во Нигер“, објави Стејт департментот.