Благо намалување на бројот на ученици во Куманово во второто полугодие

Сподели со своите пријатели

Без проблеми стартуваше второто полугодие за 13.785 ученика на ниво на општинските основни и средни училишта, информираа надлежните од секторот за образование од општина Куманово.

Loading...

Во второто полугодие има 9.873 ученици во основните училишта и 3.912 во средните училишта.

– Има мало отстапување на бројот на ученици, ќе направиме нов пресек кон крајот на јануари. Процесот на миграција не запира. Куманово е најголема општина со 21 училиште и можеби со најголем број ученици ама и ние се соочуваме со миграција, кон западно-европските земји, изјави раководителот на секторот, Александар Јовановиќ.

Заврши и реконструкцијата на покривот на училиштето „Браќа Миладиновци“, учениците се вратија во матичниот објект. Наскоро, почнува и реконструкција на подрачното во селото Пчиња, избран е изведувач. Градежните работи за реконструкција на покривот ќе почнат кон средината на февруари, годинава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезна 31-годишен кумановец

– Надлежните размислуваат дали да ги префрлат учениците во други објекти или пак наставата да се изведува онлајн, бидејќи ќе се работи на покривот, ќе се отвори нема да биде безбедно за наставата, изјави Јовановиќ.

Од секторот очекуваат повратна информација од Министерството за образование за подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Агино село.

– Проектот уште еднаш е доставен и од МОН чекаат да се распише јавен повик знаете дека таму имаше бојкот на настава, изјави Јовановиќ.

И превозот со учениците од Вакв е надминат со линиски превоз, опфатени се сите ученици. Изминатиов период реконструирани се тринаесет училишни објекти, претежно во руралните средини.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Физички нападнат 39-годишен кумановец

МИА