Благ пораст на температурите неделава

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи минималните температури ќе се движат од 8 до 19, а максималните дневни од 25 до 31 степени.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме сончево до умерено облачно време, со умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 26 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно, суво и релативно топло време, но локално не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има тенденција на благ пораст.

Leave a Reply