Бизарен „портал од пеколот“ се појави во езеро во Калифорнија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бизарен „портал од пеколот“ се појави среде езерото на акумулацијата Бериеса, а присутен беше и ефектот на вртлог кој ги воодушеви и исплаши оние кои беа сведоци и не знаеја за што се работи.

Loading...

Дупка со дијаметар од околу 22 метри се појави откако нивото на водата во резервоарското езеро во источната долина Напа, кое се наоѓа на врвот на браната Монтичело во Калифорнија, станува превисоко или достигнува одредено ниво.

 

Научниците на НАСА ја открија најголемата комета досега видена

 

Овој вишок вода потоа се врти во огромна дупка и на тој начин создава спектакуларен ефект на вртлог, пренесува The Mirror.

„Порталот од пеколот“ е всушност тунел кој функционира како одводна дупка која „голта“ околу 1.360 кубни метри вода во секунда кога нивото на водата во езерото ќе се искачи над 4,5 метри.

Системот е дизајниран во 1950-тите како алтернатива на повообичаените олуци, кои се користат за контрола на протокот на вода од брана или насип.

Loading...

Оттогаш, дупката развива завидна репутација кај локалното население, а во 2017 година дури неколку стотици луѓе дошле да го гледаат „отварањето на порталот“.

 

Момче влета во програмата, но водителката го избрка со една реченица (ВИДЕО)

 

Порано беше дозволено да се плива или да весла во езерото, но беше забрането откако Емили Швалек почина во 1997 година кога ја повлекол виорот.

Снимката од дупката стана вирален хит во 2018 година, а многумина признаа дека не им било удобно да ја гледаат.

„Зошто има огромна дупка на средината на езерото каде што луѓето пливаат и зошто околу неа нема јаже? прашал еден коментатор, а друг истакнал дека сето тоа изгледало многу неизвесно.

„Има врата во пеколот“, рекол трет, пишува Mirror.

Loading...