Била лута на сопругот бидејќи не ѝ одговарал на пораките: За она што следувало не можела да поверува (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една жена на Тик Ток сподели видео во кое вели дека една вечер нејзиниот сопруг излегол со пријателите и не одговарал на нејзините пораки. Ја игнорирал секоја порака, што ја налутило. На крајот дознала дека тој умрел трагично.

Loading...

Како што пишува The Sun, Бони Колдвел од Австралија првпат објавила кратко видео на ТикТок во кое вели дека се сеќава само на моментот кога му се налутила на сопругот затоа што не одговарал на нејзините пораки, за потоа да дознае дека тој починал, видеото го погледнале над 8,3 милиони луѓе. После тоа, таа доби илјадници и илјадници коментари од шокирани корисници кои не можеа да поверуваат дека таа се шегува на тоа.

 

 

После тоа објавила подолго видео во кое објаснила се.

– Мојот сопруг Мет патуваше со момчињата на натпревар во град кој е оддалечен неколку часа од местото каде што живееме. Разговаравме на телефон околу полноќ. Поради некоја причина, тоа беше многу убав разговор за мене. Немав поим што ќе се случи следниот ден – рекла Бони во своето видео.

Утрото кога се разбудила му испратила порака да му посака добро утро и да му каже дека едвај чека да го види кога ќе се врати. Тој не ѝ одговори, што веднаш и беше чудно, но таа мислеше дека тој спиел и ќе одговори подоцна. Но, по неколку часа без неговиот одговор, таа веќе беше загрижена.

Loading...

– Знам дека требаше да се одјават од хотелот во 10 часот и да заминат, но тоа време одамна помина и видов на локацијата на неговите пријатели на Снепчет дека се уште се таму. Отпрвин мислев дека можеби го нема, па не сакаат да ми кажат, но знаев дека нешто навистина не е во ред – продолжи таа.

По уште неколку часа добила порака од братот на Мет веднаш да дојде кај него. Таму чекала и полиција која им објаснила дека Мет починал синоќа. Хотелот во кој престојувале бил покрај реката над која била мала бездна. Мет одел по бездната во текот на ноќта, но додека одел не сфатил дека стигнал до работ и само паднал. Не беа сигурни дали се сопнал или воопшто не видел  дека стигнал до работ, но останал мртов на лице место.

– Тоа се случи пред околу осум месеци и сите се справуваме со тоа најдобро што можеме. За среќа, имам навистина црна смисла за хумор, што е мојот начин на справување со такви работи, па многу ми помага. Знам дека Мет нема да се навреди на моето прво видео на ТикТок во кое се шегував, тој секогаш го разбираше тоа – заклучи Бони на крајот од видеото.

 

@bonniec17 I mean he could have at least given me a heads up 🙄 #darkhumour ♬ original sound – kooze