Безос заминува од Амазон, че се фокусира на вселенската компанија

Сподели со своите пријатели

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и основач на „Амазон“, утре треба да поднесе оставка од функцијата извршен директор на оваа огромна платформа за онлајн купување по 27 години поминати на чело на компанијата.

Loading...

Безос, кој е на првото место на најбогатата листа на Форбс за најбогати луѓе во светот со имот вреден околу 189 милијарди долари, најави заминување од функцијата извршен директор на Амазон во февруари, со цел да се посвети на својата вселенска компанија Blue Origin.

 

 

Амазон, која започна да работи како онлајн книжарница во 90-тите години на минатиот век, порасна во последните две и пол децении и стана една од највредните компании на берзата во светот, со пазарна капитализација од 1,7 трилиони долари.

Безос планира да задржи 10,3 проценти од акциите во компанијата, како и позицијата извршен претседател на бордот на директори на Амазон.

 

Loading...

https://youtu.be/fulpck7ckqU

 

Тој ќе му ја предаде позицијата главен извршен директор на Амазон на Енди Џеси, кој се приклучи на компанијата во 1997 година и кој моментално го води секторот за клауд компјутери на Амазон.

Во меѓувреме, Безос планира да се приклучи на екипажот на вселенското летало-капсулата Њу Шепард на неговата вселенска компанија на првиот патнички лет во вселената, што е закажано за 20 јули, на годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината во 1969 година.

Leave a Reply