Без вода три локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три локации во Куманово денеска се без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Васил Драгомански“ каде се врши ископ на ров за оспособување на затворачи и улицата „1“ во село Којнаре поради дефект на водомерна шахта.

Дефект има и на главен доводен челичен вод Ф500 од с. Липково до Филтер станица сектор стара фабрика на ФЗЦ.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски