Без вода шест локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шест локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти во водоводниот систем.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците: „Никола Вапцаров“, „Димо Хаџи Димов“, улица „196“ во населбата Карпош, „8“ во населбата Јане Сандански, село Черкези и улицата „Кирил и Методиј“ бр. 38.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски