Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово привремено денеска ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини денеска ќе има кај корисниците од улиците „Бошко Буха“ и „Милан Зечар“, улицата „Лесковачка“, улица „Ѓорче Петров“ бр. 73, како и населбите Вера Которка и Долно Којнаре.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на остранување на дефектите.

Никола Ивановски