Без вода десет локации во кумановско

Сподели со своите пријатели

Без вода во текот на денешниот ден ќе бидат десет локации во Куманово поради дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето со вода ќе има на улиците „110“ во населбата Карпош, „Поток Серава“, „Киро Антевски“, „Никшиќка“, „Титова Митровачка“, „Студена Вода“ населбата Вера Которка, како и улиците „Егејска Македонија“, „Романовска“ бр. 7, „Вардарска“ и „Владимир Назор“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски