Без вода денеска пет локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Поради интервенции на водоводната мрежа, денеска ппривремено без вода ќе бидат пет локации во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „111“ во населбата Карпош, „Благој Думановски“, „6ти Април“, населбата Железничка станица и м.в. Пчински пат.

Интервенции на канализациона мрежа, Јавното претпријатие „Водовод“ ќе има на улиците „Доне Божинов“ и „Гоце Делчев“.

Реконструкција на оштетени тротоари и коловози од дефекти на водоводна и канализациона мрежа ќе има на улиците „Радое Димиќ“ и „Мирче Ацев“.

Никола Ивановски

Leave a Reply