Без струја денеска повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија во текот на денешниот ден ќе бидат неколку локации во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 07:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат улиците „Ѓорче Петров“, „Михајло Пупин“, „Р. Митровиќ“, „Б. Димковиќ“, како и дел од локалитетот Магаза во населбата Перо Чичо.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Leave a Reply