Без струја денеска и утре повеќе делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија привремено денеска и утре ќе бидат корисници од повеќе локации во Куманово и околината.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 08:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат Спортскиот аеродром „Аџитепе“, Ново Куманово и селото Режановце.

Прекини се најавени и за утре. Така во период од 09:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе биде улицата „Индустриска“ и објекти во поранешната фабрика „Амбалажа“.

Утре од 08:00 до 14:00 часот без напојување ќе бидат компаниите „Исрка“, „Кентауер“, „Метал Нет“, „Сокара Кватро“, Ладилник“ и населбата Бедиње.

Во период  од 09:10 до 11:00 часот прекини во снабдување со електричната енергија ќе има во фабриката „ФЗЦ“.

Без струја од 09:00 до 11:00 часот утре ќе бидат корисниците од улиците „Моша Пијаде“, „Браќа Миладиновци“ и „Светозар Марковиќ“.

Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Loading...