Берош: Можни се и по 1000 новозаразени дневно во Хрватска

Сподели со своите пријатели

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош ја опиша состојбата со коронавирусот во Хрватска како загрижувачка, откако вчера  беа пријавени рекордни 748 новоинфицирани лица и предупреди дека ќе има уште повеќе.

Loading...

– Ситуацијата е загрижувачка, но не е изненадувачка. Околностите во изминатиот месец, како и околностите во Европа и светот, укажуваат на тоа дека бројот на новозаразени лица расте насекаде, како и во Хрватска, изјави синоќа Берош за РТЛ.

Тој додаде дека поголемите собири на луѓе во последниот месец создале некои жаришта што предизвикаа такво зголемување на бројот на новозаразени.

– Покрај тоа, тука е и студеното време и фактот дека сме повеќе во затворени простории и тоа влијаеше на зголемувањето на бројот на заразени лица. Ќе има уште повеќе заразени лица, затоа треба да се однесуваме одговорно и да ги почитуваме мерките, рече министерот.

Тој не ја исклучи можноста дневно да има и по повеќе од илјада новозаразени лица во Хрватска.

– Можно е бројот на нови инфекции да се зголеми во наредните денови. Сепак, особено е важно да сфатиме дека треба да се однесуваме одговорно, самодисциплинирано и сериозно и да ги почитуваме мерките што ги препорачавме. Ако не сме одговорни, ако се дружиме, бројките ќе растат и понатаму, рече Берош.

Сања Костовска

Leave a Reply