Белорусија воведува смртна казна за „велепредавство“

Сподели со своите пријатели

Белорусија ќе го прошири својот кривичен законик за да дозволи смртна казна за државните службеници и воениот персонал за „велепредавство“.

Loading...

Таа одредба ја усвои Парламентот во Минск, пренесе државната новинска агенција Белта.

Белорусија, со која владее автократскиот претседател Александар Лукашенко, е последната земја во Европа каде сѐ уште се изрекува смртна казна, пренесува Хина, повикувајќи се на ДПА.

Минатата година, земјата привлече меѓународни критики за проширување на примената на смртната казна за подготовка на терористички напади.

Шпекулации за приклучување во војната

Мерката беше усвоена како одговор на саботажата на железницата што ја извршија белоруски активисти за да го спречат транспортот на руските војници кои ја напаѓаа Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот

Лукашенко ја стави својата земја на располагање на Русија како база за да започне агресија против Украина.

Белорусија досега не зема активно учество во борбите, но неодамнешното создавање на заеднички сили ги поттикна шпекулациите дека Москва ќе изврши притисок врз Минск да се приклучи на нејзините офанзивни операции.

Илјадници луѓе се затворени во Белорусија од политички причини откако Лукашенко го уништи протестното движење во есента 2020 година по претседателските избори, кои опозицијата и Западот ги сметаат за наместени.

Loading...