Белата облека попримила жолтеникава боја? Обидете се со оваа едноставно решение!

Сподели со своите пријатели

Белата облека и долна облека би требало да ја пазиме малку повеќе од останатите, бидејќи е поделикатна.

Loading...

Покрај тоа што може да биде обоена во боја на друга облека за време на перењето, таа понекогаш може да добие и жолта боја по долго носење.

За да го освежите и вратите во првобитната боја, користете еден од следниве методи.

Сок од лимон

Исто како и другите работи, сокот од лимон може да ја избели облеката. Земете една чаша сок и додадете ја во машината за перење заедно со детергентот.

Испперете ја облеката според програмата и температурата на која ја перете инаку.

 

Loading...

 

Избелувач

За ​​да го отстраните жолтиот сјај на белата облека, земете белило со хлор, но внимателно прочитајте ги упатствата пред употреба, бидејќи таквото белење може да биде опасно доколку дојде во контакт со оцет или некои хемикалии, пренесува Better Homes & Gardens.

Сода бикарбона

Сода бикарбона е одличен партнер во чистење на домот, така што може да ви послужи и при освежување на облеката.

На почетокот на перењето, додадете 2 лажици сода бикарбона со течниот детергент за алишта што вообичаено го користите.

Ако користите детергент во прав, додадете сода бикарбона за време на циклусот на плакнење.

 

Loading...

 

Дестилиран бел оцет

Додадете дестилиран бел оцет во одделот за омекнувач, а благата оцетна киселина ќе делува како белило.

Leave a Reply