Бела куќа: Не повлекуваме црвени линии за Израел, ќе продолжиме да го поддржуваме

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби рече дека САД нема да повлечат „црвени линии“ за Израел.

Loading...

– Ќе продолжиме да ги поддржуваме – изјави Кирби и одби да го коментира интензивирањето на активностите на израелската армија во Појасот Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека САД сè уште го проценуваат влијанието на воздушните напади врз милитантните групи поддржани од Иран.

– Нема да се двоумиме да преземеме понатамошни активности заради сопствената самоодбрана – рече Кирби.

Тој додаде дека 10 дополнителни камиони натоварени со хуманитарна помош пристигнале во Газа, со што вкупниот број достигна 84, но дека САД се свесни дека горивото се очекува да трае само неколку дена.