Бебе од Куманово почина од морбили

Сподели со своите пријатели

Шестмесечно машко бебе од Куманово е првата жртва на мали сипаници во земјава.

Loading...

Бебето не било вакцинирано против морбили и починало на Клиниката за инфективни болести поради компликации од воспаление на белите дробови.

Министерот за здравство Венко Филипче утринава изјави дека бебето првин било лекувано во болницата во Козле, од каде било префрлено на Инфективната клиника, каде лекарите не успеале да го спасат.

– Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи за да се подигне колективниот имунитет кој е значително опаднат по падот на опфатот со вакцинација во 2014 година. За жал, сега се соочуваме со овие последици – рече Филипче, кој заедно со премиерот Зоран Заев денеска ја посетија Клиниката за неврологија.

Уште две деца се во критична, но засега стабилна здравествена состојба.

Leave a Reply