Бангладеш: Во судир на возови загинаа 17 патници, 50 се повредени

Сподели со своите пријатели

Најмалку 17 лица загинаа, а многу се повредени откако два воза се судрија во источниот дел на Бангладеш, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Товарниот воз удри во задните вагони на патничкиот воз во Бајраб, град на 80 километри североисточно од Дака.

Се верува дека грешка во сигнализацијата довела до судир, а вакви инциденти не се ретки во Бангладеш поради лошата инфраструктура.

Во патничкиот воз Егарсиндхур Твајлат 14 лица загинаа на местото на несреќата, најмалку два вагони се згмечени, додека три се превртеа.

Многу патници останаа заробени по судирот, повеќето од нив загинаа на местото на несреќата“, изјави шефот на противпожарната служба Мохамед Масуд.

Уште три лица починаа во болница, каде што се згрижени уште 50-тина повредени.

Бројот на загинати може да се зголеми бидејќи спасувачката операција продолжува.

Вработените во болницата се борат со приливот на повредени, поради што е побарана помош од околните медицински служби.

Loading...

Властите покренаа истрага за причините за несреќата.

Покрај сигнализацијата, причина за слични несреќи во минатото беа лошите услови на пругата и ненадгледуваните железнички премини.