БАНЏИ ФИТНЕС: Одите по ѕидовите, и пркосите на гравитацијата, се забавувате и слабеете (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Банџи тренингот е многу забавен, иако не е наивен. Се што правите на овие часови мора да биде фокусирано, затоа што константно вежбате и покрај тензијата на банџи синџирите. Дознајте се за овој тренд во продолжение.

Loading...

Што е банџи (bungee) тренинг?

Банџи тренинг е микс од танц и фитнес, како и малку акробациска забава. Учесниците носат заштитен појас кој им ги опфаќа и двете нозе, а околу половината се врзуваат за банџи синџир кој виси од плафонот. Постојат различни видови банџи синџири, според тежината, висината и силата на личноста. Тоа на учесцниците им овозможува да изведуваат различни маневри кои инаку не би можеле, како на пример склекови на едн рака, со стапала во воздух, или летање низ воздухот и дочекување на подот.

Со еден збор, банџи тренинг е час на издржливост, креиран околу вашата фнтазија од детството да летате како Спајдермен, со магијата на ркобат и најпопуларната музика.

Што прави за вашето тело?

Банџи тренингот е одлипчен тренинг на издржливоста, а воедно и целосен кардио тренинг. На овој начин го затегнувате скоро секој мускул во вашето тело, фокусирајќи се на силата на торзото. Бидејќи со банџи ланецот сте закачени на долниот дел од вашиот грб, ви дозволува да се движите слободно и да изведувате инаку физички невозможни движења.

Силен банџи синџир е моќна работа за тренирање на отпорот на телото, затоа што на тој начин се тонира и ги затегнувате мускулите. Вежбањето во воздух на телото му даважа можност за целосен кардио тренинг, кој и пркоси на гравитацијата и тежината на телото.

Текот на тренингот

Loading...

Целта на банџи тренингот е да се движите што повеќе додека сте прикачени на синџирот. Овие тренинзи започнуваат со едноставни вежби за издржливост (како чучнувања, планкови, склекови), кои полека преминуваат кон поактивни вежби како што се трчање и скокање. Целта на вежбањето е да се кобинираат брзи, експлозивни движења со банџи синџирот кој ве влече наназад.

Кои се резултатите?

Банџи тренингот е одличен за изградба на мускулите и согорување на мастите. Банџи синџирот носи дел од вашата тежина, така да класичните вежби за издрживост како склекови и чучнувања се олеснети. Сепак, фактот дека константно се движите, трчање и скокате значи дека правите доста вежби со низок интензитет. Ова е одлично за активирање на наталожените масти и нивно согорување. Исто така е одлично за подобрување на подвижноста и флексибилноста.

И на крајот…

Банџи тренингот на самиот крај е многу забавен. Можете да летате по салата на банџи синџир, да трчате по ѕидовите, и да се чувствувате како во бестежинска состојба. Тоа е еден од најуникатните стилови на вежбање, но и еден од оние во кои уживате, се забавувате, а не забележувате дека всушност напорно вежбате.

Leave a Reply