Балканските лидери ќе потпишат договори за поблиска интеграција

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Западен Балкан на самитот во Берлин што почнува утре ќе потпишат договори за меѓусебно признавање на лични карти, универзитетски дипломи и професионални квалификации, најавија претставници на германската влада.

Loading...

На самитот на Берлинскиот процес утре ќе учествува и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Претставник на владата во Берлин за Ројтерс изјави дека ова се потези кон понатамошна интеграција и стабилност на регионот, каде и по распадот на Југославија и етничките војни во 1990-тите, тензиите не престанаа.

Тој објасни дека целта е Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Косово и Албанија да се приближат до членство во Европската унија (ЕУ), поради стравувањата од зголеменото влијание на Русија и Кина во регионот.

Особено Србија, која беше бомбардирана од НАТО пред две децении, и која се стреми да ги балансира историски блиските врски со Русија и аспирациите за економска и политичка интеграција со Западот, пренесува Слободна Европа.

Како што јави Ројтерс, претставник на германската влада изјавил дека Србија мора да одлучи дали сака да влезе во ЕУ или да влезе во партнерство со Русија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц утре во Берлин треба да ги прими лидерите на шесте балкански земји и ЕУ во рамки на таканаречениот „Берлински процес“ што го иницираше неговата претходничка Ангела Меркел.