Балканската мегаѕвезда Цеца наскоро во Куманово!

Сподели со своите пријатели

Најпознатата пеачка од целиот Балкан, Светлана Ражњатовиќ, попозната како Цеца, доаѓа во Куманово ! Легендарната мегазвезда која полни сали и стадиони ширум Европа, својот премиерен настап во нашиот град ќе го има на 6 октомври. Ова е дефинитивно најголемиот концерт кој до сега се има случено во Куманово, па така можеме да очекуваме преполна сала и посетители од целата држава, но и од соседните земји.

Активна на сцената веќе 30 години, атрактивната Цеца има 16 албуми и безброј хитови зад себе. Обожавана од сите генерации, секој свој настап харизматичната пеачка го претвора во вистински спектакл. Нејзиниот моќен и продорен глас и атрактивна фигура се барани насекаде, па така Цеца скоро и да нема викенд без настап. Иако нема потреба многу да ја опишуваме, за Цеца можеме слободно да кажеме дека е најголемиот бренд кој некогаш има излезено од соседната Србија.

Најавениот концерт ќе се оддржи во Спортската Сала во Куманово, со почеток од 20:00 часот. Билетите веќе се во продажба, и тоа по цена од 650 денари за место на трибините, 750 денари партер и 1000 денари за ВИП влезница, и истите може да се набават во Versus Lounge Bar Куманово, Brooklyn Lounge Bar Скопје,  Nana Bistro Врање, Caffe Bar Casa Велес, Бутик Kensol Крива Паланка и Маркет Мартин Комерц Штип.

На денот на настанот, влезниците ќе се продаваат по цена од 1000 денари. Обезбедени се и резервации со високи маси во ВИП делот, за кои можете да се информирате на телефонскиот број 071995670. Поради очекуваната огромна посетеност, наш совет е на време да ја обезбедите својата влезница.