Бајден: Заканата на Путин со тактичко нуклеарно оружје е реална

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека заканата на рускиот претседател Владимир Путин за употреба на тактичко нуклеарно оружје е реална, неколку дена откако тој го осуди руското распоредување на такво оружје во Белорусија.

Loading...

Во саботата, Бајден ја нарече најавата на Путин дека Русија го распоредила своето прво тактичко нуклеарно оружје во Белорусија „апсолутно неодговорно“.

„Кога бев тука пред околу две години и реков дека сум загрижен поради пресушувањето на реката Колорадо, сите ме гледаа како да сум луд“, изјави Бајден пред група донатори во Калифорнија во понеделникот, според Ројтерс.

„Тие ме погледнаа како кога реков дека сум загрижен дека Путин ќе употреби тактичко нуклеарно оружје. Тоа е реално“, рече Бајден.

Минатата недела, белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека неговата земја почнала да се здобива со руско тактичко нуклеарно оружје, од кои некои, според него, биле три пати помоќни од атомските бомби фрлени од САД на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.