Бајден смета дека налогот за апсење на Путин е оправдан

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во Вашингтон изјави дека наредбата на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под сомнение за воени злосторства во Украина е „оправдана“.

Loading...

Како одговор на новинарите во Белата куќа, Бајден рече дека „јасно е дека Путин извршил воени злосторства“.

Иако САД, како и Русија, не го признаваат тој суд, Бајден оцени дека, без разлика, одлуката на хашкиот суд „праќа многу силен сигнал“ и укажува на постапките на рускиот лидер при издавањето на наредбата за инвазија на Украина.

Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг вчера издаде налог за апсење на Владимир Путин поради сомнение за незаконско протерување деца и илегално префрлање на луѓе од територијата на Украина во Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.