Бајден нема намера да се сретне со Путин

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден нема намера да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 следниот месец на индонезискиот остров Бали, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

Loading...

– Претседателот рече дека нема намера да седне на маса со Владимир Путин – изјави Кирби, пренесе Си-Ен-Ен.

Од друга страна, Путин претходно денеска во говорот во меѓународниот дебатен клуб „Валдеј“ рече дека сѐ уште не одлучил дали ќе присуствува на самитот на Г-20 следниот месец во Индонезија.

Тој додаде дека доколку не отпатува на самитот закажан за 15 и 16 ноември, на негово место ќе дојде висока руска делегација, пренесе Ројтерс.