Бајден: Лагата на Трамп дека изборите се украдени започна насилство

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп дека ги инспирирал најавите на некои републикански кандидати дека ќе одбијат да ги прифатат резултатите од претстојните избори доколку загубат и дека тоа претставува закана за демократијата.

Loading...

Бајден во своето вонредно обраќање до нацијата ги повика Американците да се обединат против „политичкото насилство“ на парламентарните избори закажани за 8 ноември, јавува Би-Би-Си.

Американскиот претседател рече дека „американската демократија е нападната“, бидејќи Трамп не ги прифатил резултатите од изборите во 2020 година на кои загуби.

„Тој одбива да ја прифати волјата на народот, тој одбива да прифати дека изгубил“, рече Бајден.

Бајден рече дека „големата лага на Трамп дека изборите во 2020 година се украдени“ е поттик и за нападот врз сопругот на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, Пол Пелоси, така и за немирите во Капитол во 2021 година.

„Тоа е лага што поттикна опасен пораст на политичкото насилство и заплашувањето на гласачите во последните две години“, заклучи Бајден.