Бајден го обвини Трамп за новите ограничувања на правата за абортус

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп за новите ограничувања на правото на абортус во државата Флорида.

Loading...

„Да бидеме многу јасни, има само едно лице одговорно за овој кошмар. Тој се фали со тоа. Доналд Трамп“, им рече Бајден пред приврзаниците во градот Тампа и истакна дека правото на абортус „треба да биде уставно право“, пренесува Ројтерс.

„Не се работи за правата на (федералните) држави, туку за правата на жените“, рече Бајден и оцени дека Трамп „се грижи дека гласачите ќе го сметаат за одговорен за суровоста и хаосот што тој ги создаде“.

На почетокот на овој месец, Врховниот суд на Флорида одобри закон со кој се забранува абортус по првите шест недели од бременоста, период кога повеќето жени не се ни свесни дека се бремени, пишува Ројтерс.

Прашањето за абортусот е важно за претстојните избори на 5 ноември во САД, а демократите сметаат дека строгите ограничувања на тоа право во Флорида и Аризона ќе ги „турнат“ гласачите на Трамп кон Бајден.

На изборите во 2022 година Трамп освои 51,2 отсто во таа држава, а Бајден 47,9 отсто.

Шефот на Демократската партија на Флорида, Ники Фрид изјави дека Бајден разбира дека победата во таа држава е малку веројатна, но дека вреди да се обиде.