Автомобил изгоре во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило „Ауди“ сопственост на четириесет и четиригодишен кумановец било опожарено завчера во Куманово.

Loading...

– На 14.07.2023 во 00.08 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Страшо Пинџур“ Куманово било опожарено патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(44), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Никола Ивановски